Собирот на моторџии во Куманово одложен
21.05.2015 15:04
| KumanovoNews
Мото собирот кој требаше да се одржи на 29-ти мај во Куманово е одложен, информираат од мото клуб „Мечки“.
Организаторите ги известуваат сите клубови и поединци дека собирот кој требаше да се одржи кон крајот на месецов во Куманово заради оправдани причини е одложен, а за новиот датум дополнително ќе бидат известени.