Социјалците ќе добијат државно земјиште
24.07.2012 09:10
| KumanovoNews
Почнувајќи од септември годинава социјалците кои се водат како невработени со распределба ќе добијат државно земјиште.
Нив земјоделството треба да им биде примарна дејност за да користат државна земја, а истовремено ќе добиваат социјална парична помош и социјално осигурување во првите 12 месеци. Наредната година ќе земаат 50% од износот на социјалната помош и загарантирано стопроцентно социјално осигурување. Парите ќе им бидат исплаќани на трансакциска сметка.
Дополнително социјалците ќе можат да ги користат бенефициите кои ги нуди Министерството за земјоделство.
За оваа намена ќе бидат потрошени 4.300.000 денари.