Социјалното ќе биде исплатено деновиве
06.06.2012 14:27
| KumanovoNews
Од Центарот за социјални работи во Куманово велат дека до крајот на неделава надоместокот за социјална помош ќе биде исплатен на граѓаните и дека не станува збор за доцнење туку за нов начин на исплаќање.
Наместо по пошта во иднина социјална помош корисниците ќе добиваат на трансакциска сметка. Ваквото работење е во согласност со новата спил програма која се спроведува на државно ниво.
Во помалите општини социјалната помош веќе е исплатена, но бидејќи Куманово е голем град, и заедно со Старо Нагоричане и Липково има 4.200 социјалци, исплатата ќе биде во наредните два до три дена.