Сообраќајот без забрани
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива без забрани, но забавено, по влажни и лизгави коловози на повисоките места.
Слаб снег провејува на планинските превои Стража и Маврово. По клисурите и планинските превои можна е појава на одрони, особено внимателност на патниот правец Дебар- Струга, поради почеста појава на одрони. Патниот правец Гевгелија- Смрдлива Вода е прооден, а останатиот дел од патот до ски- центарот Кожув, се уште се расчистува. Интензитетот на сообраќај е умерен надвор од градските средини, а на граничните премини нема подолги чекања за влез и излез од државата. Потсетување за возачите на нивната законска обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата која ќе трае до 15 март.