Сообраќајот се одвива по влажни коловози
09.01.2010 13:03
| KumanovoNews
На сите магистрални и регионални патни правци низ државата сообраќајот се одвива без забрани, застои и ограничувања. Коловозите се наместа влажни, особено низ клисурите и осојничавите места, информираат од Авто Мото Сојузот на Македонија.
На возачите им се препорачува внимателно возење, прилагодување на брзината на моменталните услови и одржување на потребното растојание помеѓу возилата. Особена внимателност низ клисурите, каде е почеста појавата од поситни одрони и лизгања на земјиште.
Интензитетот на сообраќај е умерен надвор од градските средини. На граничните премини нема подолги чекања.