Сопствениците на отпади вадат лиценци
За да продолжат со својата дејност отпадите за старо железо треба да имаат дозволa за работа.
Повеќето отпади веќе добиле лиценци, но се жалат дека условите се многу строги. Со ваков третман државата има за цел да ги намали кражбите на старо железо. Лиценците за работа тешко се добиваат, но доколку газдите на отпадите три пати во три години ги прекршат правилата, дозволата ќе им биде одземена.
Меѓу условите кои треба да се исполнат се: отпадот да биде надвор од населено место,газдата да има финансиско покритие, да ја докаже сопственоста на местото, да има 24 часа надзор и да не се примаат материјали кои се забранети.
Тој што ќе земе лиценца, нема проблем, може слободно да работи. Ние чекавме 3 - 4 месеци за одобрување. За лиценца се плаќа, а колку услови има тоа е долга листа и не можам да набројам се. Во градот има шест отпади за старо железо и мислам дека сите полека тоа ќе го регулираат и ќе имаат дозволи за работа. Има многу правила од аспект на заштита на животна средина - велат од отпадот “Еко Давид“.
Освен инспекцијата и полицијата ќе може да ја контролира работата на отпадите за старо железо.