Мени

Советниците незадоволни од направените тротоари

16.06.2015 10:19 | KumanovoNews

Советниците од локалната опозиција се пожалија дека во градот многу тротоари се оштетени, а други пак се неквалитетно направени.

Советниците незадоволни од направените тротоари

Советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Петковски конкретно кажа дека тротоарите на „Трета МУБ“ се со лош квалитет .

Квалитетот на сработеното е на многу ниско ниво. Колку да се сработи, а колку ќе трае не е важно. На „Трета МУБ“ тротоарот е со плочки кои се лошо наместени. Сите поминуваат од таму и прашање е кој е изведувачот,  дали добро си ја завршил работата, дали инвеститорот платил. Дали некој ќе понесе одговорност за она што не е сработено како што треба - праша  Петковски.

Градоначалникот Зоран Дамјановски одговори дека ако нешто не е сработено како што треба, ќе биде повикан изведувачот и работите ќе треба да ги корегира на своја сметка.