Мени

Советот бара одговорност за пропустите во воснабдувањето

20.02.2012 15:09 | KumanovoNews

 Советот на Општината Куманово на вонредната седница што се одржа синоќа донесе неколку заклучоци, по расправата за состојбите и проблемите со водоснабдувањето во Општината Куманово.

Советот бара одговорност за пропустите во воснабдувањето

Заклучоците денеска ги соопшти претседателот на Советот Виктор Цветковски.

Советот на Општината Куманово го осудува прекинот на дотур на водата до Филтер станицата во Куманово, со што се предизвика загрозување на виталните интереси на граѓаните и бара од надлежните истражни органи да ги преземат сите законски мерки за откривање и утврдување на одговорноста на субјектите кои предизвикаа прекин на дотур на водата до Филтер станицата. Исто така бара од ЈП Водостопанство ‘‘Кумановско – Липковско Поле‘‘ во иднина да обезбеди непречен дотур на вода до Филтер станицата и ги задолжува двете надлежни јавни претпријатија да продолжат со натамошна меѓусебна заедничка соработка, со цел да ги надминат проблемите заради обезбедување непречено снабдување со вода на граѓаните- изјави Цветковски.