Мени

Современ простор на ONE во Куманово

24.02.2010 12:37 | KumanovoNews

Денеска на градскиот плоштад во Куманово, беше пуштена во употреба новата продавница ONE, една од најголемите во ланецот од 35 продавници во Македонија.

Современ простор на ONE во Куманово

Современо дизајнираниот продажен простор, екипиран по сите стандарди кои се етаблирани во развиените земји, исклучиво e во функција на потребите на корисниците.

Се работи за продажно место каде што корисникот може да го добие целокупното портфолио што како услуга и производ го нуди ONE, едниот од двата телекомуникациски оператори во земјава. Мобилна, фиксна телефонија, Интернет, 3G Интернeт, дигитална телевизија...производи од врвни светски брендови...сето тоа може да се најде и добие на едно место, односно во ребрендираната и штотуку реновирана продавница на ОNE.