Мени

Специјалци на АРМ донесоа помош на болната жена

07.09.2010 14:56 | KumanovoNews

 Припадници на Полкот за специјални операции на АРМ денеска го посетија семејството на самохраната мајка Даниела Петковска, која боледува од булимија, анорексија и рак на матка и донесоа помош во храна, школски прибор и играчки за двете малолетни деца.

Специјалци на АРМ донесоа помош на болната жена

По повод утрешниот празник Денот на независноста на Република Македонија, сакаме да помогнеме на ова семејство кое се соочува со сериозни финансиски проблеми. Колегите во нашиот Полк за специјални операции се откажаа од денешниот оброк, кој го наменивме на Тијана и Дарко овозможувајќи им барем малку да почуствуваат како е кога некој се грижи за нив - рече Маријанчо Мишачковски постар водник прва класа.

Малата Тијана најмногу се израдува на играчките, додека мајката на Даниела  трогната од хуманоста на офицерите со солзи во очите се заблагодари во името на нејзината ќерка.

Многу им благодарам на припадниците на специјалната единица што се сетиле на нас и дојдоа да помогнат. Оваа помош многу значи за моите внучиња, кои одат на училиште и им треба редовна и богата исхрана. Истовремено им благодарам и на медиумите кои помогнаа ќерка ми да ја сместиме во болница во Скопје и таму да и пружат лекарска помош- вели Јаворка, мајката на Даниела.

Даниела е сместена во Клиничкиот центар во Скопје и нејзината здравстеван состојба се подобрува.

Припадниците на АРМ потресната приказна за болната жена ја дознале од медиумите, по што се организирале да помогнат на сиромашното семејство. Паричана помош за семејтвото Петковски најави градоначалникот и Советот на Општината.