Мени

Спиро Ристовски пошумуваше во Ваксинце

03.12.2014 14:16 | KumanovoNews

Заменикот министерот за образовние и наука, Спиро Ристовски денеска заедно со пратениците Зоран Ѓорѓиевски и Реџаил Исамили засадија дрвца во липковското село Ваксинце.

Спиро Ристовски пошумуваше во Ваксинце

Засадувањето на нови садници е придонес за развојот на свеста кај населението за оддржувањето на животната средина.

Би сакал да информирам дека и училиштата во Република Македонија,  максимално се вклучени во целата оваа активност. Во сите училишта, денеска во рамки на активностите во годишната програма учениците се вклучени во засадување нови садници - изјави Ристовски.

Во Ваксинце на површина од 100 хектари дрвца засадуваа основци, средношколци и граѓани.

Ако секој од нас засади едно дрво, дава придонес во општата еколошка свест кај граѓаните - кажа пратеникот Ѓорѓиевски.

Акција за пошумување денеска имаше и во Макреш во општина Старо Нагоричане. Се засадуваа садници на црн, бел бор, чемпрес и багрем од расадникот на Шумско стопанство Куманово. Оваа година акцијата „Ден на дрвото“ е под мотото “Стоп за катастрофите“.