Средношколците утре ќе го блокираат излезот на Куманово
06.05.2015 12:06
| KumanovoNews
Кумановските средношколци утре ќе го блокираат излезот на градот кон Скопје, со барање МОН да ги прифати сите нивни барања.
Тие во 12 часот ќе тргнат од Градскиот плоштад, и ги повикуваат граѓаните да им дадат поддршка.
Зборно место ќе биде плоштадот. Овие преговори досега беа „мачкање очи“, и затоа ние бараме да се прифатат сите наши барања. Досега е прифатено да се полага матура по стар концепт, а екстерното тестирање останува. Ги повикуваме сите граѓани, родители, наставници да ни се приклучат - велат од Средношколскиот пленум од Куманово.
Излезот на Куманово кон Скопје ќе биде блокиран до 14 часот.