Мени

Средорек го слави Ѓурѓовден

06.05.2010 14:42 | KumanovoNews

Ѓурѓовден денеска се празнуваше и вокумановските  ромски населеби. Највесело беше во Средорек, каде со музика и песна во секоја куќа се готвеше празничен ручек.

Средорек го слави Ѓурѓовден

 Печеме јагне, правиме мезел,к, салати и слатки, расположение сме да чекаваме гости цел ден. Се облелкуваме во најубавите празнични алишта да го прославиме празникот како што заслужува. Порано беше поубаво, имаше повеќе пари,  сега поскромно , но сепак сме среќни- вели Џават Ибраимовски од Средорек.

 На Ѓурѓовден обичај е да се оди на гости кај своите најблиски. Празникот се слави три дена, и по обичај Ромите од Куманово го испраќаат Ѓурѓовден, така што одат во природа на излет.

Одиме на Кисела Вода, или на Споменик-костурница со музика  цел ден  играме и пееме.  Такви сме ние ромите, тоа ни е во крвата-вели Ибраимовски.

 За Ромите, Ѓурговден има и уште едно значење , будење на природата , празникот го најавува доаѓањето на  најубавото годишно доба.