Мени

Средовечна кумановка заболена од туларемија

03.04.2015 10:25 | KumanovoNews

Педесетгодишна жена од Куманово е заболена од туларемија, потврдуваат од Центарот за јавно здравје Куманово.

Средовечна кумановка заболена од туларемија

Жената тврди дека немала контакт со глувци, ниту пак внесувала небезбедна храна. Пациентката е во добра општа состојба, и е сместена на лекување на инфективното одделение во Општа болница Куманово, каде што прима ампуларна терапија.

Заедничко е дека сите симптоми се во една обична општа инфективна состојба на заболени како од грип и со една линфоденопатија, зголемени лимфни жлезди на страна на вратот. Започната е деретизација во општината - рече Јадранка Стаменковска, епидемиолог во Центарот за јавно здравје Куманово.

Од досегашните анализи потврдено е дека водата не е извор на зараза. Во Липково претходно беа откриени два случаи на заболени од туларемија, а на ниво на државата од јануари досега има 25 заболени од оваа болест.