Мени

Српската заедница ќе одбележи 103 години од Кумановска битка

23.10.2015 10:04 | KumanovoNews

Српската заедница во Македонија регионална организација Куманово во недела во 11 часот, на споменикот Зебарњак ќе одбележи 103 години од Кумановската битка.

Српската заедница ќе одбележи 103 години од Кумановска битка

Пред споменикот ќе бидат положени венци и свежо цвеќе, а со едноминутно молчење ќе им се оддаде почит на загинатите во оваа битка. На одбележувањето ќе присуствуваат претставници на политички партии, организации, граѓани и други.

Сите кои сакаат да бидат дел од манифестацијата, организиран превоз во 9 часот ќе има од булевар „Октомвриска револуција“ кај ординација „Д-р Ѓоше“.