„Српски вез“ настапи на Меѓународен фестивал во Врање
Културно -уметничкото друштво „Српски вез“ од Куманово, вчера учествуваше на 9 - от Меѓународен фолклкорен фестивал „Во пресерт на деновите на Врање“, во соседна Србија
Оваа манифестација се одржува традиционално и трае цела недела. Првиот ден е резевиран за фолклор, а останатите денови има богага културно-уметничка програма каде гостуваат познати звезди.
„Српски вез“ беше и на прием кај градоначалникот на Врање, Зоран Антиќ каде разменија меѓусебни подароци. КУД „Српски вез“ се претстави со сплет игри од Пчиња , а настапија и солистите Гордана Кузмановска и Дејан Петковски. На манифестацијата се претставија и Културно уметничко друштво „Вакуп“ од Алексинац и Културно уметничко друштво „Вила зора“ од Велес. „Српски вез“ имаше и официјален состанок со раководството на КУД „Севдах“ каде што беше договорена идната соработка и учество на “Севдах“ на годишниот концерт на „Српски вез“ кој ќе се одржи во октомври оваа година“ - вели Далибор Китановиќ, претседател на „Српски вез“.
Оваа година на фестивалот во Врање настапуваат Наташа Беквалац, Мирослав Илиќ и Џенан Лончаревиќ.