Мени

Стариот градски парк запуштен и затрпан во ѓубре

15.10.2014 13:08 | KumanovoNews

Напластени гранки, купишта суви лисја, расфрлани отпадоци, зарасната \nтрева и кал ќе ве пречека во Стариот градски парк.

Стариот градски парк запуштен и затрпан во ѓубре

Иако паркот се наоѓа преку улица на ЈП „Чистота и зеленило„, кое е задолжено да го одржува, повеќе од очигледно е дека никој од вработените одамна не свратил во него. Затоа паркот повеќе наликува на запуштена селска ливада одколку на уредена хортилкултурна содржина.   

Граѓаните велат дека е тажно што паркот никој не го чисти и бараат тој да го добие местото што го заслужува.

Живеам во близина и како дете израснав овдека. Некогаш беше многу убаво, чисто, средено. Старите дрвја треба да се исечат, бидејќи можат да паднат и да убијат некој. На нивно место треба да се засадат нови дрвца. Да се чисти редовно, да стави уште некоја клупа“ - вели Драган Милевски, кој го затековме во паркот.

И останатите граѓани кои уживаа во октомвриското сонце велат дека многу почесто ќе доаѓаат доколку паркот се среди и оплемени.

Куманово има неколку уредени зелени површини, но Стариот парк е валкан и во очајна состојба. Иако се најавуваше дека, по примерот на паркот во Соколана, ќе се огради за да се заштити од крадци и ќе се оплемени со цвеќе, досега ништо не не е направено. Во паркот има само неколу клупи од пресечени трупци, фонтана со вода и толку. Се останато е уништено или се распаѓа поради неодржување. Коритото на реката претрпано со ѓубре е посебна приказна.

Од ЈП “Чистота и зеленило“, кратко одговорија, дека поради невремето паднале неколку тополи во паркот и во наредните денови ќе има акција за негово расчистување.