Старо Нагоричане ја интензивира соработката со Трговиште
Општина Старо Нагоричане ја интензивира соработката со српската општина Трговиште.
Тие ќе соработуваат на полето на туризмот, животната средина и културни манифестации.
Нашата соработка е долгогодишна. Можеме заедно да се претставуваме на саеми за туризам. Црква со камен иконостас има во Св.Ѓорѓи во Старо Нагоричане, во Трговиште и друга црква која се наоѓа на Косово. Жива врска ни и е реката Пчиња која таму често предизвикува поплави. Можеме да соработуваме на културни манифестации бидејќи ние го одбележуваме Ѓурѓовден, а тие го слават 19 август Преображение - рекоа од општина Старо Нагоричане.
Од следната година стартува ИПА за Македонија - Србија и општините од двете страни на границата ќе можат да аплицираат со заеднички проекти за добивање на пари од европските фондови.