Стартува електронско закажување на прегледи
29.05.2012 07:31
| KumanovoNews
Од денеска започнува електронско евидентирање и закажување на прегледи во кумановската болница.
Пациентите ќе бидат запишувани со име, презиме и матичен број. Целта е да се има поголема контрола, да се избегнат турканици и чекање. На секој пациент во просек ќе му бидат отстапени 30-ина минути.
Закажувањето се однесува за хронично болните, а не за итните случаи кои секако ќе бидат примени без разлика на времето.