Мени

Стартуваат годинешниве “Денови на мед“

25.09.2012 09:17 | KumanovoNews

 Во четврток, петок и сабота ќе се оддржи саемот “Денови на мед 2012 Куманово“ на Градскиот плоштад.

Стартуваат годинешниве “Денови на мед“

Свеченото отварање ќе биде во четврток во 10 часот, по што ќе следува културно-уметничка програма. Присутните ќе ги поздрави градоначалникот Зоран Дамјановски. Според програмата, во 11.30 часот ќе се организира состанок со гостите во просториите на здружението. Напладне ќе се одржи трибина  на тема “Пчеларење во топла и сушна година“ со предавачот Зоран Станковски. Во петокот саемската манифестација ќе биде од 9 до 21 часот, а затворањето на самеот е  во сабота во 15 часот.

Ова е тринаесетти по ред саем  што го организира здружението “Пчела“.