Стартуваше забраната за лов на дива свиња
01.02.2016 13:49
| KumanovoNews
Забраната за лов на дива свиња стартуваше денеска и ќе трае до 1 октомври.
Во меѓувреме може да се лови волк, лисица, куна и јазовец, информираат од ловечкото друштво „Шќипоња“.
Сега е период на парење и размножување на дивите свињи. Оној кој ќе лови додека трае забраната ќе се соочи со казна. Сега ќе почнат хајките на штетен дивеч, на волк, лисица и се организираат во недела. Се одржуваат цел месец, а по потреба и вонредно ако има напад на домашни животни - вели Јовица Стојиќ, ловец во „Шќипоња“.
Стојиќ потсетува дека е забрането да се лови елен и срна преку целата година.