Ставревски ќе ги пречека ракометарите на Табановце
28.01.2012 11:24
| KumanovoNews
Вицепремиерот Зоран Ставрески ќе ги пречека ракометарите на граничниот премин Табановце.
Свечениот пречек на ракометните репрезентативци на Македонија кои го освоија петтото место на Европското првенство во Србија со што обезбедија квалификации за Олимписките игри ќе биде во 13 часот.
Покрај владината делегација на Табановце ќе заминат и голем број граѓани и навијачи од Куманово.