Стечајците и „Ленка“ заедно на протест
09.10.2014 09:10
| KumanovoNews
Стечајните работници од здружението УНИТ утре во 11 часот ќе протестираат со што уште еднаш ќе побараат обештетување од Владата.
Тие ќе тргнат од пред комитет, ќе поминат низ центарот на градот и ќе го блокираат излезот кон Скопје. Нивниот протест е поддржан од Движење за социјална правда “Ленка“. Од УНИТ ги повикуваат граѓаните и сите опозициони партии кои сакаат да се решат нивните проблеми и кои не се задоволни од власта да се приклучат на протестот.