Мени

Стечајците не протестираа на Табановце

06.04.2010 11:41 | KumanovoNews

 Стечајните работници денеска не го блокираа граничниот премин Табановце и покрај минато неделните најави. Поради Велигденските празници не можеле да обезбедат  пари за превоз, но најавуваат дека наредниот вторник повторно ќе се вратат на протести пред Владата, а во петок ќе го блокираат влезот и излезот на Куманово.

Стечајците не протестираа на Табановце

 Нашата претседателка е на состанок со претставниците од ВМРО-НП, знаете дека тие ни помогнаа за изготвување на предлог Законот. Се надеваме дека ќе се организираме и ќе собереме средства за превоз во вторник да одиме на протести пред Владата.Имаме добар одзив од страна на стечајците и се надевам дека ќе бидат масовни-вели Воислав Димитриевски.

 Стечајците се доследни на своите барања, ќе протестираат се додека надлежните не се огласат и седнат да преговаат за решавање на нивниот статус.