Мени

Стечајците со јајца мавале по лавовите

25.11.2010 15:27 | KumanovoNews

Стечајните работници од Здружението УНИТ Куманово денеска три часа протестираа пред Собранито во Скопје во обид да се сретанат со премиерот Никола Груевски или некој од министрите задолжен за решавање на нивното прашање.

Стечајците со јајца мавале по лавовите

 Револтирани од игнорантскиот однос на власта, по завршувањето на протестот на мостот Гоце Делчев, стечајците во 15 часот на враќање кон дома мавале со јајца по лавовите.

 Иако цела Влада беше во Парламентот, никој не дојде да се види со нас. Единствено нашата пратеничка Дарка Петрушевска не можеше да не избегне и застана две минутки со нас. При тоа ни рече дека ќе дојде да не посети во Куманово, само колку да каже нешто, а ние знаеме дека нема да го исполни ветувањето - вели претседателката Лилјана Георгиевска.

 Блокадата на стечајците се одвивала под големо полициско обезбедување и не им било дозволено никаде да мрднат. Тие веќе неколку години бараат од Владата да им исплаќа месецен надоместок од 100 евра до нивно повторно вработување или пензионирање, но таа не прифаќа велејќи дека тие останале без работа од приватни фирми.