Мени

Стечајците со неограничен бесплатен превоз

23.12.2011 15:17 | KumanovoNews

 Стечајните работници од Куманово, од почетокот на наредниот месец ќе добијат бесплатен превоз секој ден, наместо како што првично беше планирано само два дена во неделата.

Стечајците со неограничен бесплатен превоз

Оваа информација денеска ја објави градоначалникот Зоран Дамјановски, откако сопстевениците на претпријатијата што вршат автопревоз во градот прифатиле да обезбедат бесплатен превоз за стечајците во текот на целата година.

 Благодарение на превозниците ќе нема ограничување во превозот на луѓето кои се во здруженито на стечајните работници. Значи тие ќе добијат слободни карти и ќе можат да се возат колку сакаат и каде сакаат во текот на денот на градските линии. Тоа е еден голем допринос на стечајните работници, и нивниот скромен социјален буџет- рече градоначалникот.

За стечајните работници и социјално загрозените семјства локалната самоуправа предвидува и социјални пакети за покривање на режиските трошоци за вода и ѓубре.