Мени

Стипендии за најдобрите студенти

13.01.2010 15:59 | KumanovoNews

Десет студенти од Куманово ќе добијат стипендии што ќе ги обезбеди градоначалникот и локалната самоуправа Куманово. Деновиве е распишан конкурсот за стипендирање на студентите за учебната 2009/2010 година.

Стипендии за најдобрите студенти

Конкурсот се распишува за студентски стипендии за редовни студенти кои живеат на подрачјето на Општина Куманово и се студенти на високите школи и факултети во државата. Стипендиите се доделуваат за 9 месеци, а месечниот износ е 3.300,00 денари. Кандидатите не смеат да се корисници на други стипендии или кредит - вели Мартин Костовски, портпарол во Општината.

Селекција на кандидатите ќе се изврши според пресекот на оценките и материјалната состојба на семејството на кандидатот. Стипендиите ќе се делат по етничката застапеност во Општината.

Стипендирањета на студентите од градот ја воведе градоначалникот Зоран Дамјановски пред неколку години и Куманово беше првиот град во државата што востанови таква практика.