Мени

Стојковска: Чест ми е што сум прва кума за Божиќ

02.01.2012 10:48 | KumanovoNews

 Здружението „Коледари„ ги врши последните подготовки за прославата на Божиќ на градскиот плоштад во Куманово. Годинешнава кума Розина Стојковска, со задоволство зборува за тоа што оваа година, за првпат ќе биде кума на празникот.

Стојковска: Чест ми е што сум прва кума за Божиќ

Тоа за мене значи голем чест и задоволство. 10 години се бираше машко, а оваа година падна одлуката кумството да се даде на понежниот пол. Жените го заслужуваат тоа, бидејќи со своите сопрузи рамноправно учествуваме во сите коледатски активности. Убаво е чувството да се чува и негува традицијата и да се пренесува на помладите генерации. Јас како член на управниот одбор на здружението на граѓани „Коледари„ ќе се борам догодина кум да биде помлад коледар, би сакала тоа да биде дете, за да му ги пренесеме нашите традиционални вредности-вели Стојковска.

Таа ќе го преземе кумството од ланскиот кум во цркава на денот на Бадник.Потоа на Градскиот плоштад ќе бидат поделени осветени бадникови гранчиња, лепчиња со паричка, овошје и топла ракија. Предходниот ден на пети јануари во селото Романовце, коледарите ќе ги берат бадниковите дрва.