Штрајкот на лекарите ставен во мирување
По судски пат се стопира штрајкот кој го поддржаа 1200 лекари и специјалисти од цела Македонија.
Лекарската фела вели дека штрајкот е ставен во мирување, и дека ќе преговараат со министерот за здравство Никола Тодоров се до исполнување на барањата.
Ова е само времена мерка, одлуката на судот. Ова е уцена. Министерот изгледа нема волја да преговара или пак тие преговори ќе траат две години. Тој може да одложува, денес, утре. Ние од внатрешноста бевме за протест, а скопските лекари за штрајк. Уште лекарите не се информирани, а сигурно ќе бидат револтирани. До колапс не може да дојде во здравстото. Во Чешка од 6.000 лекари, во исти ден 3.000 дадоа отказ и беше предизвикан колапс, по што платите им беа покачени - коментираат лекарите.
На 24 месецов штрајк нема да има, но лекарите предвидуваат дека ако договор не се постигне со ресорното министерство, штрајк сигурно ќе има.