Мени

Штрајкуваат и кумановските лекари

14.11.2012 09:24 | KumanovoNews

 Лекарите од Општа болница Куманово, кои се зачленети во Синдикатот на Клинички центар, денеска штрајкуваат, но ги примаат итните случаи.

Штрајкуваат и кумановските лекари

- Има лекари од сите одделенија зачленети во Синдикатот на Клинички центар.  Сите се на своите работни места, но ги примаат само пациентите кои имаат сериозни здравствени проблеми и нивната здравствена состојба не дозволува да се одложи прегледот или интервенцијата. Сите други пациенти кои доаѓаат на контрола или сакаат да направат лабараториски преглед се враќаат за наредните денови- велат лекарите.

Лекарите бараат да им се зголеми платат за 100 одсто, а да се укине плаќањето по учинок.

Со колективниот договор ние имаме загарантирана плата и со исплаќање на 80 отсто од плата министерот за здравство Никола Тодоров го крши овој договор. Тој само манипулира и реално не сака да го реши проблемот. До кога ние ќе го чуваме социјалниот мир, само се вадат на светска криза. Ние сме најстручен кадар, а најслабо платен. И понатаму Тодоров преговара со гранковиот синдикат, и денеска треба да има состанок, па ќе видиме како работите ќе се одбиваат понатаму - велат од Синдикатот.

Утринава директорот на Општата болница Куманово до лекарите испратил забрана за штрајк, кои тие не го почитуваат.