Стрезовце, Карпош и Режановце без струја
09.09.2014 08:03
| KumanovoNews
Прекини во снабдувањето со електрична енергија денеска ќе има во селата Стрезовце, Режановце и населба Карпош.
Од 9 до 15 часот без струја ќе бидат жителите на Стрезовце, а од 8 до 15 часот струја ќе нема во населба Карпош и село Режановце. Од ЕВН Македонија известуваат дека прекините се поради изведување на инвестициони зафати во нисконапонската мрежа.