Стручни екипи ќе го санираат свлечиштето во Скачковце
23.03.2015 09:47
| KumanovoNews
Стручни екипи од општина Куманово и Дирекцијата за заштита и спасување, денеска ќе излезат на терен и доколку има потреба ќе го санираат свлечиштето во село Скачковце.
Свлечиштето се појавило кај патот кој води до манастирот Света Троица.
Информациите со кои располагаме се од искази на граѓани кои се јавија. Свлечиштето тука постоело одамна, но сега е активирано покрај земјениот пат од десната страна. Засега не постои опасност да бидат зафатени куќите - рече Горан Стојановски од РЦУК.
Откако го забележале свлечиштето, мештаните во петокот се јавиле на 195 во Регионалниот центар за управување со кризи, за да побараат помош.