Мени

Шумски пожар во Слупчане

02.09.2010 16:17 | KumanovoNews

Во голем пожар помеѓу селата Слупчане и Ваксинце денеска изгореа 30 хектари нискостеблеста шума, сува трева и шума.Пожарот избувнал предпладнето и почнал да се шируви на шумата, поради што било интервенирано со противпожарни авиони заради непристапноста на теренот.

Шумски пожар во Слупчане

 Околу 17 часот пожарот бил локализиран. Огнот го забележале локалните жители, кои веднаш пријавиле во Територијалната Противпожарна единица, а на терен излегле и екипи на Шумското стопанство и Дирекцијата за заштита и спасување.

Поради зголемениот бројот на пожари на отворен простор во последните десетина дена од Дирекцијата за заштита и спасување апелираат до граѓаните да внимаваат кога се наоѓаат во шумите,да не палат оган на отворен простор и стрништа, да не фрлаат стаклени шишиња и друга стаклена амбалажа, да не палат отпад, да не фрлаат остатоци од цигари, да не преземаат било какви активности со кои можат да предизвикаат пожар.