Мени

Сушата ќе ги покоси житариците

09.05.2012 07:37 | KumanovoNews

Во Кумановско имаше малку снег, а есента беше сушна, па затоа агрономите сметаат дека житариците ќе дадат слаб род.

Сушата ќе ги покоси житариците

Временските услови ги разочараа земјоделците. Првомајските празници ги дочекавме со 30 Целзиусови степени температура, а оваа зима додека јужните делови на земјава имаа дебела снежна покривка, во Куманово имаше малку снег. Есента беше исто така сушна и затоа агрономите сметаат дека житариците ќе дадат слаб род.

Ако има вода, ќе има се. Житните посеви можам да кажам се катастрофа. Повеќе има трева отколку жито. Кога требаше да рти семето, дожд немаше. Кога беше сеидбата почвата немаше влага. Сега мал дожд може минимално да ја ублажи состојбата. Зимава снег имаше, ама не е доволно, треба повеќе. И снегот може да помогне. Инаку пченицата е најосетлива и ако реколтата биде слаба , мислам дека и брашното ќе има висока цена - објаснува агрономот Ана Петковска.

Поскапувањето на брашното дополнително ќе го оптовари тенкиот семеен буџет,па затоа граѓаните бараат државата да увезе пченица доколку домашното производство не ги задоволи потребите. Засега килограм брашно во маркетите се продава за цена од 35 до 45 денари.