Мени

Сувенири од невладините организации

23.09.2010 10:11 | KumanovoNews

 Невладината организација „Коло на српските сестри„ како носител на проектот „Богатство на природата-извор на егзистенција„, со партнерските организации „Кумановка„ и „Мајка„, шест месеци работи во селата Клечовце, Романовце и Старо Нагоричане.

Сувенири од невладините организации

 Проектот е подржан од Амбасадата на Норвешка, а тој подразбира другарување на младите од различни етнички заедници при изработка на сувенири од природни матерјали кои се карактеристични за селските средини- вели Живка Мишиќ- Христовска претседателка на „Коло на српските сестри„.

Изработените сувенири ќе бидат изложени на крајот октомври на продајна изложба во Центарот за култура во Куманово.