Свечена академија на резервните офицери
По повод 70 години од Првото заседание на АСНОМ и ослободувањето на Македонија, Организацијата на резервни официри на Македонија ќе одржи Свечена академија.
На свечената академија ќе се обрати претседателот на организацијата, Ѓорѓи Малковски.
“На нашите борци од Куманово ќе им бидат доделени благодарници и ќе има доделување на награди за литературни творби на ученици. Ќе настапи групата “Тоска“ која работи при Центарот за култура. Датумот таман се поклопува пред 11 ноември - Денот на ослободување на Куманово. Се одржуваше свечената академија по другите градови, сега истото се одбележува во Куманово“ - вели Синиша Богдановски, претседател на Организација на резервни официри на Република Македонија - Куманово.
Оваа организација во Куманово брои 60 - тина членови и за следната година за одбележување на историски важните датуми се планира побогата програма.
Академијата ќе се одржи во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ во понеделник во 12 часот.