Мени

Свечена акaдемија за Денот на градот

11.11.2010 16:52 | KumanovoNews

Во чест на 66 годишнината од ослободувањето на Куманово денеска во Младинскиот културен центар се одржа Свечена академија на која беа презентирани проектите на Локалната самоуправа и се доделија Ноемвриските награди.

Свечена акaдемија за Денот на градот

Пред присутните гости се обрати градоначалникот Зоран Дамјановски, кој зборуваше за развојот на градот во изминатите година.

Куманово не застанува, продолжува со афирамацијата на градот преку реализирање на проекти на планот на инфраструктурното уредување, потикнување на економскиот развој, образованието, културата и меѓународната соработка. Оваа година реалиравме три капитални проекти, започнување на гасификацијата со приклучување на првиот корисник на гас, довршување на инфраструктурата на булеварот Трета МУБ и пуштање во употреба на новоизградената спортската сала на училиштето Перо Наков. Општината ќе продолжи со истото темпо за изградба на модерно и европско Куманово и во наредниот период - рече градоначалникот Дамјановски.

На присутните им се обратија и претседателот на Советот Виктор Цветковски и советниците Дритон Рамадани, Ѓорѓе Полиќ и Зекрет Ќазимовски.

На Академијата беа врачени Ноемвриските награди на поединци и институции кои придонеле за развојот на градот во оваа година. Највисокото признание во градот го добија актерката Кети-Дончевска Илиќ, професорот Хисен Рахмани, ЈП „Чистота и зеленило„, ЈЗУ „Центар за јавно здравје„ и ДСУ „Наце Буѓони„.

Задоволство и чест ми е што сум добитник на наградата на градот. Оваа е потврда за мојот труд и за несебичното вложување во уметничкото и културата во Куманово. Наградата ми дава сила да продолжам да работам и придонесувам за афирамацијата на културниот белег на градот - изјави актерката Дончевска-Илиќ.

Директорот на ЈП „Чистота и зеленило„ Сашо Петрушевски,вели дека со добивањето на наградата се валоризирал нивниот труд што во измината година го вложиле во развој на претпријатието и чистење и уредување на градот.

Тоа ни дава потик да продокжиме со истото темпо да ги задржиме резултатите и да напредуваме во нашата работа- рече Петрушевски.

Со сличен став е и директорот на ЈЗУ „Центар за јавно здравје„

Ове е потврда не само од граѓаните туку и од сите граѓани во северо-источниот регион дека се задоволни од нашата работа и граѓа за безбедноста на здравјето на граѓаните, преку храна и вода - рече Глигор Манов.

Беа доделени и две специјални награди како признание од градоначалникот на Здружението на жените „Нада Михајлова„ и Гордица Бошковска, претседателка на првото мобинг-здружение.

На денешната свеченост не присуствуваа пратениците од Куманово, ниту советниците од опозиционата ВМРО-ДПМНЕ, со исклучок на советникот Манов, кој беше да ја прими Ноемвриската награда.