Мени

Шверцувале камери и фустани

22.03.2012 09:47 | KumanovoNews

 На граничниот премин Табановце автопат, на влез во државата во два камиони пронајдена е поголема количина на непријавена стока.

Шверцувале камери и фустани

При контрола на товарно возило откриени се педесетина текстилни производи: фустани, панталони, кошули, шалови и сако. Непријавената стока била сокриена под креветот и во патни торби, во кабината на возилото.

Во вториот камион имало 12 камери марка SonyMHS-FS3 и DriftHD, кошула, кожна јакна и делови за мотор, сокриени под ќебе на креветот, во кабина на возилото.