Свети Сава неработен за Србите во Македонија
25.01.2010 08:57
| KumanovoNews
Среда е неработен ден за припадниците на српската заедница во Република Македонија. Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празници 27 Јануари 2010 годинина е празник на Србите во државата.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на припадниците на српската заедница во Република Македонија им го честита празникот.