Светски ден на прва помош
Под мотото „Прва помош за сите„ вчера во центарот на градот беше исценирана сообраќајна незгода за да се покажат вештините од првата помош пред очите на граѓаните и да се подигне јавната свест дека со првата помош може да спаси нечиј живот.
По повод Светскиот ден на првата помош, 12 септември, општинскиот Црвен крст организира бројни активности за подигнување на јавната свест за улогата на првата помош во превенција од повреди и спасување на човечкиот живот.
Под мотото „Прва помош за сите„ вчера во центарот на градот беше исценирана сообраќајна незгода за да се покажат вештините од првата помош пред очите на граѓаните и да се подигне јавната свест дека со првата помош може да спаси нечиј живот.
Сакавме да покажеме колку е важно навремено да се укаже првата помош и која е улогата на Брзата помош и полицијата во една ваква незгода.Обезбедувањето на местото на настанот, вршењето увид и собирањето на докази на лице место се основ за понатамошната постапка. Целта е да се подигне свеста кај граѓаните да укажуваат прва помош на повредените кога ќе се најдат во ваква ситуација, бидејќи од тао зависи дали ќе се спаси еден човечки живот - рече Ива Младеновска координаторка за првата помош во Црвениот крст во Куманово.
Статистиката покажува дека во првите шест месеци во мината година кај нас имало вкупно 327 сообраќајни незгоди, оваа година за истиот период има 249 сообраќајки што е за 24 % помалку. Но бројот на жртвите се зголемил во однос на 2009 година кога 4 лица го загубиле животот, а годинава дури 7 лица починале што е за 75 % повеќе во однос на првите шест месеци од минатата година.
Се надеваме дека нашите знаења и спобности што ги стекнуваме како активисти на црвениот крст ќе умееме да ги покажеме и на практичен начин кога тоа ќе биде потребно. Сакавме да покажеме дека се обучуваме за вакви настани и ситуации и да укажеме колку е важна првата помош практично да знаеме да ја примениме бидејќи тоа е и нашата примарна цел- вели Младеновска.