Светски ден на Ромите
08.04.2010 08:57
| KumanovoNews
8-ми Април е Меѓународнен ден на Ромите и согласно со Законот за празниците е неработен ден за припадниците на ромската заедница во Република Македонија.
Меѓународниот ден на Ромите, како официјален празник е прогласен во 1992 година од Обединетите нации и Европската Унија, по предлог на ромската меѓународна организација „Романо јунион“.
Ромите живеат во сите земји на Европа. Според истражувањата, нивниот број на стариот континент се движи помеѓу 12 - 15 милиони. Од нив околу 70% живеат во земјите од источна и југоисточна Европа. Ромите кои влечат потекло од Индија, во Македонија се присутни од 12 век.