СВР: Да не се пука на семејни веселби
Од отсекот за превенција при СВР Куманово апелираат граѓаните да не пукаат на семејни веселби, со што ќе предизвикаат паника, вознемиреност и можат да повредат некого.
Оваа појава е зачестена во летниот период кога има поголем број на свадби и неовластено се пука со огнено оружје.
Апелираме да се почитуваат законските одредби и не само за казни, туку да се води сметка за здравјето и безбедноста на луѓето кои ќе бидат во близина. Да преземат мерки оние кои ги организираат свадбите, но и гостите, бидејќи сносат одговорност и двете страни. И граѓанска совесност, да се пријави такво нешто доколку се случи некаде - вели Виолета Богдановска, раководител на отсек за превенција при СВР Куманово.
Богдановска потсетува дека за неовластено пукање следуваат парични казни до 500 евра , а доколку сторителот кривично се гони, може да се соочи со казна затвор во траење од 1 до 10 години.