СВР: Моторџиите да носат заштитна опрема
Отсекот за превенција при СВР Куманово ќе ги едуцира младите да носат заштитна опрема, да ги регистрираат моторите и да не возат без возачка дозвола.
Обуките, во соработка, со мото клубот “Мечки“ ќе се реализираат во текот на овој месец и на почетокот на март во средните училишта во градот.
Во сезоната на топло време, младите се јавуваат како учесници во сообраќајот и треба да бидат подготвени. Секако дека не се иземени и возрасните. Преку редовни контроли во сообраќајот ќе влијаеме да сфатат колку е важна заштитната опрема за учество во сообраќајот. Да се подигне сообраќајната култура со укажување да се почитуваат сообраќајните правила и прописи. Ова првенствено е наменето за младите кои со наполнети 14 години имаат право да учествуваат во сообраќајот, а се однесува на сите. Апел до моторџиите да внимаваат, но и на другите учесници во сообраќајот да внимаваат на нив - изјави Виолета Богдановска од отсек за превенција.
И оваа година во соработка со мото клуб “Мечки“ ќе се организира дефиле со мотори низ градот.
Оние кои што ќе бидат фатени како ги прекршуваат сообраќајните правила ќе следат сообраќајни поуки како опомена.