СВР: Претпазливо со коледарските огнови
04.01.2012 15:34
| KumanovoNews
Од СВР Куманово апелираат до граѓаните во пресрет на верските празници Бадник и Божиќ,да внимаваат на сопствената, и бездедноста на околината за време на верските обичаи.
При палење на коледарските огнови да се внимава на палење и силина на огнот за да не дојде до несакани опожарувања и оштетувања на околината, како и изгореници и други последици по присатните. Да не се употребува огнено оружје, петарди и други пиротехнички средства, кои го нарушуваат мирот и безбедноста. Да не се во алкохолизирана состојба и да возат, за да не предизвикуваат било какви инциденти- соопштуваат од Секторот за превенција.