Мени

Табановце и Куманово најдобри царински испостави

21.07.2010 13:34 | KumanovoNews

 Најдобра гранична царинска испостава за периодот од април-јуни 2010 избрана е царинската испостава Табановце-автопат и Табановце железничка станица, како и Царинарница Куманово.

Табановце и Куманово најдобри царински испостави

 Како најдобра внатрешна царинска испостава, избрана е царинската испостава Куманово, Царинарница Куманово.

При изборот на најдобрата испостава користени се неколку критериуми: вкупен број на документи, број на цариници, вкупен број на царински прекршочни и кривични дела и вкупен број на наплатени царински давачки, врз основа на доставените извештаи за периодот април - јуни 2010 година до Царинската управа.