Мени

Таксистите да се пријават за полагање англиски јазик

06.04.2015 08:45 | KumanovoNews

До 15 април таксистите од лиценцираните такси компании, на мејлот [email protected] треба да се пријават за полагање на англиски јазик и добивање на сертификат.

Таксистите да се пријават за полагање англиски јазик

Покрај пријавата која ќе може да се најде на веб страната на Министерството зa транспот и врски www.mtc.gov.mk, кандидатите да приложат М1/М2 образец не постар од 60 дена и копија од лична карта. Полагањето е бесплатно, а времето и местото на полагање на испитот дополнително ќе биде објавено на веб страната на ресорното министерство.

Согласно Законот за патен сообраќај, сите авто такси возачи мора да поседуваат сертификат за познавање на основен степен на англиски јазик. Сертификатот  е еден од условите за да добијат лиценца за вршење на авто такси превоз и кој ќе биде задолжителен од 1 јануари 2017 година.