Техничкото училиште со повеќе еко проекти
23.03.2012 12:34
| KumanovoNews
Eколошкиот-одбор на техничкото училиште „Наце Буѓони„во изминатиот период реализираше повеќе еко-проекти, а нивната завршна реализација ќе биде на крајот на годината.
Тие денеска одржа работен состанок на кој присуствуваа и инспекторот за животна средина - Бобан Бојковски и претседателот на здрижението Еко-гард Куманово – Зоран Бојковски.
Овој одбор во текот на минатиот месец реализираше повеќе проекти за заштита на животната средина и екологијата на училиштето, а со ист интензитет ќе продолжи и во наредниот период.
Завршна реализација на проектите е предвидена до крајот на оваа учебна година, а ОСТУ “Наце Буѓони” за својата ангажираност доби позитивни критики од надлежните локални институции.