Температурите намалени, администрацијата ќе работи по старо
18.07.2012 11:56
| KumanovoNews
Бидејќи Македонија се наоѓа во зелената фаза кога температурите не се премногу високи за да бидат штетни по здравјето, од утре институциите ќе работат по старото работно време од 8:30 до 16:30 минути.
Мерките кои беа преземени за заштита од топлотниот бран, Владата ги укинува. Работниците можат да работат на отворено во период од 11 до 17 часот.
Персоналот во градинките треба да се придржува на укажувањата по 11 часот децата да не излегуваат надвор и да не се заморуваат со физички активности.
Промената на работното време беше направена пред шест дена. Административците на работа доаѓаа во седум, а завршуваа во 15 часот и на тој начин ги избегнуваа горештините.