Тетовскиот универзитет се всели во касарната во Бедиње
Во просториите на касарната “Христијан Тодоровски - Карпош“ се сместени дисперзирани студии по бизнис и администрација од Тетовскиот факултет.
Задоволни сме од овој проект кој се прави со кофинансирање. На Тетовскиот факултет учат 2500 студенти,а веќе има тука дисперзирани студии за англиски и германски јазик. Ние ќе одиме по потребите на студентите, по потребите на пазарната економија, не само во овој објект, значи и во целина во Македонија. Ние ќе се обидеме да одговориме на потребите на економијата, на странскиот, приватниот капитал. Досега студентите биле под кирија, сега ќе биде порентабилно , нема да плаќа министерството - вели Сафет Незири, заменик министер за образование.
Тој рече дека некои студиски програми ќе се реформираат со цел да се добие поконкурентен и способен кадар.
На пуштањето во употреба на новиот факултет беа присутни министерот за одбрана Фатмир Бесими, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, градоначалникот на Чаир, Изет Меџити и други.