Тимови од УЈП и МРТВ во посета на општина Ранковце
На 14 октомври Управата за јавни приходи ќе постави мобилен даночен шалтер пред просториите на општина Ранковце.
Во период од 10 до 15 часот граѓаните од тимовите на УЈП и Македонска радиотелевизија можат да се информираат за се што ги интересира во врска со плаќање на радиодифузна такса. Жителите на населените места: Баратлија, Ветуница, Вржогрнци, Герман, Гиновци, Гулинци, Криви Камен, Љубинци, Милутинце, Одрено, Опила, Отошница, П’клиште, Петралица, Псача, Радибуш и Станча, ќе можат да извршат исправка, ажурирање на нивните адресни и матични податоци во Решенијата за РДТ, промена на обврзник на РДТ поради промена на сопственикот на стамбен или деловен простор, починато лице, како и да пријават двојно задолжување на членовите на семејството или дека воопшто не добиваат решенија за РДТ.
Доколку граѓаните имаат неевидентирани плаќања за РДТ, сакаат да извршат увид во состојбата на платена, неплатена РДТ и имаат други прашања во врска со начинот на плаќања на РДТ можат да се обратат до тимот на УЈП, да достават доказ за извршена уплата на радиодифузна такса, да побараат преглед на картица за РДТ, препис на решение и слично.